По речиси три недели на Клиниката за детски болести, вчера од морбили почина десетмесечно бебе, откако добило тешка пневмонија и крварење во мозокот како резултат на малите сипаници. Ова е четврти смртен случај од мали сипаници за период од три месеци.

„Имало тешка пневмонија, мозочно крварење. Апелирам уште еднаш дека малите сипаници се сериозно заболување и можат да ги нападнат сите органи, и системот за дишење, и централниот нервен систем”, изјави Владимир Микиќ, епидемиолог во Институтот за јавно здравје.

Минатата недела во Институтот за јавно здравје регистрирале 110 нови случаи на мали сипаници а на болничко лекување во моментот има над 50 возрасни и деца заразени со морбили. Според евиденцијата на здравствените власти, шест пациенти се во тешка состојба поради компликации со морбили на Клиниката за инфективни болести. Меѓу нив е и 16-годишна девојка која е на апарати за дишење.

Истовремено, од морбили се заразиле и неколку вработени на Клиниката за неврохирургија, меѓу кои директорот. Поради сериозноста на болеста тој во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести.

„Веќе неколку дена сум на Клиниката за инфективни болести заради морбили и дури денес сум малку подобро. Не знам од кого е пренесена болеста.

Никаде во текот на денешниот ден не се појави министерот Филипче да објасни зошто вака се случува? До кога ќе умираат мали дечиња? До кога заканата од морбили ќе биде активна, дали не беа доволни процентите кои ги зема за преку 20 илјади вакцинирани граѓани, деца и мали бебиња? До кога ќе се губат животи за парите од процентите од потрошените вакцини? Сите се неми пред случајот и нема никаков коментар од Министерството за здравство.