Ниски плати, лоши услови за работа, недоволно платени дежурства. Ова се само дел од причините поради кои околу 100 медицински сестри годишно си заминуваат од јавното здравство, па се вработуваат во приватните болници или пак „го фаќаат“ првиот лет за некоја од европските земји.

Остана и проблемот со медицинските сестри „концесионери“ што се без работа поради затворање на ординациите. Околу медицински сестри „концесионери“ немаат работа, а нивниот број се зголемува.

На универзитетските клиники се работи и со помалку офталмолози, уролози, ендокринолози, педијатри, a хроничен е недостатокот и на анестезиолози. Голем е проблемот и во примарното здравство, оти е недоволен бројот на матични општи лекари. А нема и гинеколози. Активни се 144 матични гинеколози, од кои 43 се во Скопје. Според Светската здравствена организација, на толкав број население треба да има 400 лекари.

Околу 200 студенти годишно завршуваат медицински факултет, а ист е бројот на оние кои си заминуваат. Лекарскиот егзодус продолжува, а со ваквиот тренд, голема е веројатноста да не останат ниту лекари во земјава што ќе ги лекуваат македонските граѓани.