Министерот за здравство Венко Филипче како да го загуби разумот во последниот период. Првично како да не се сеќава дека се повеќе медицински персонал, обучени лица, со или без работно искуство заминуваат од државата. Се иселуваат во потрага по подобар живот и тоа не е овој навидум пропагиран и делегиран од власта туку нешто пореално, без задолжувања, местени тендери и поголеми даноци. – посочуваат поупатените во состојбата со здравствениот систем во Македонија

Одливот на средномедицински кадар од државните болници во приватните, како и во странство, за кое деновиве алармираше Унијата на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) Министерството за здравство ќе го решава со нови вработувања, зголемување на платите, едукација и зголемување на ингеренциите – посочи денес министерот за здравство, Филипче на денот на медицинските сестри, 12-ти Мај, на неговото одбележување.

Според податоците од Здружението стотина медицински сестри од јавните здравствени установи се иселиле во странство или заминале во приватните болници, а сѐ уште не е решен статусот на голем број медицински сестри од примарното здравство кои останаа без работа по затворање на ординациите на матичните лекари.

Министерот за здравство Венко Филипче рече огромен е недостатокот на медицински сестри и доктори во сите јавни здравствени установи и дека досега ги стимулирале со зголемување на платите и ноќните дежурства, спровеле низа едукации, а тоа ќе продолжат да го прават и во иднина. Но граѓаните се прашуваат дали тоа е вистинскиот пат? Дали со овие мерки успеа да остане некој од медицинските сестри? Дали министерот мисли дека со замачкување на очите на пациентите со вакви привидни мерки дека нема никој да ја види реалната и вистинската слика во здравството во Македонија?

Медицински персонал од ден во ден се повеќе нема, мерките превземени од министерот Филипче не вродуваат со плод. Што сега господине министре? Кои се следните „мачкања на очи“ кои ги смисли вашиот кабинет за граѓаните. Како сега ќе се правдате, на кого ќе зголемувате плати кога персонал нема? Кого ќе вработувате кога обучени лица за медицински сестри се знае колку ги има и со какво образование треба да бидат? Неможе да вработувате од улица и со трговачко или економско да бидат медицински сестри во државните клиники? Каде ќе ги најдете новите вработени?

Или ќе се започне со имплементација на договорот кој е во позадина на Преспанскиот, па на мала врата ќе започне инфилтрирањето на бегалците од Сирија во нашиот систем преку медицинските установи, па полека и во сите сегменти на живеењето? Граѓаните бараат одговори и решенија, не сте министер за здравство само за провизиите од тендерите, министер за здравство сте и за пред сите граѓани да понесете одговорност за вашата некомпетенција во справувањето со недостаток на кадар и негов одлив?

Каде сте г-не Министре, г-не Филипче да излезете пред граѓаните и да ја соопштите суровата реалност на македонското здравство? – прашуваат граѓаните, обвинуваат, посочуваат и бараат одговори и одговорност, јавно, преку медиумите, преку социјалните мрежи