Нови случаи на заболени од морбили во Штип. Вчера и денес до 11часот на штипска инфектологија се хоспитализирани тројца нови пациенти.

Новозаболените не се вработени во конфекцијата каде претходно беа регистрирани десет нови случаи.Нивната здравствена состојба е стабилна,а на одделение се задржуваат само пациенти со потешка клиничка слика информира портпаролот на штипската болница Марина Шуманска. Во моментот тројца се лекуваат амбулантски.

Здравствените работници алармираат невакцинираните деца да не се носат во игротеки,градинки, затворени простори, а родителите да бидат крајно внимателни. Веќе од утре штипскиот Центар за јавно здравје треба да добие препораки за полесно спречување на заразата. Се очекува да се изврши дополнителна дезинфекција на училиштата и градинките во градот.

Изминатата недела поради ширење на зараза во штипска конфекција каде што заболеа десеттемина , на лице место беа имунизирани 37работници. Епидеиолозите се плашат дека болеста може да се шири, бидејки сега заболените работници секојдневно се возеле во автобус во кој имало работници и од други конфекции.Малите сипаници се респираторно заболување и се пренесува преку воздушно-капков пат.

По инкубација од 10 до 12 дена се јавува зголемена температура од 38 до 40 степени,главоболки,малаксаност, а првиот осип се јавува во вечерните часови во пределот на косата. Со новите тројца од февруари до сега во Штип и штипско се заболени 23 лица.

Епидемијата продолжува да трае и понатаму, министерот Филипче не може да ја контролира, СЗОне реагира, граѓаните живеат во страв.