Точно една година како нема ВАКЦИНА ДиТе и капки ПОЛИО за децата кои требаат да ги примаат на седум годишна возраст ( второ ревакцинирање ). Да појасниме, по тековниот службен календар за имунизација, првата доза на ДиТе се прима на две – две и пол месечна возраст во склоп на шестовалентната вакцина. Првото ревакцинирање е еден и пол месец откако ќе ја прими таа шестовалентна вакцина, во склоп на петовалентната вакцина !

На седум годишна возраст треба да се прими вакцина ДиТе и капки ПОЛИО, но во најголем дел од ванкциналните пунктови во РМ, таа вакцина ја нема повеќе од една година.

Во период кога министерството за здравство, повикува на сеопфатна имунизација ( да не се примаат здравствени работници на работа без да приложат потврда од спроведена целосна имунизација, да не се запишуваат деца во градинки и училишта без потврда за вакцинален статус ), истото тоа министерство една година ги остава вакциналните пунктови без вакцини потребни за редовна имунизација !

Кој парадокс !!! Нешто што не може да се објасни !

Што значи тоа ? Дека по одреден временски период може да ни се случи епидемија од болест која со тие вакцини се превенира ( како што сега има епидемија од морбили поради недоволно спроведена имунизација пред одреден период )

Ќе даде ли одговор министерот за здравство, Филипче и кога ќе се охрабри на таков чекор, сето ова до сега што го демонстрираше е само местење тендери, доделување тендери на блиски и немање храброст да се излезе јавно и да се објасни епидемија на морбили!

Зошто толкав период ги нема наведените вакцини и кој ќе одговара за тоа ? Дали Филипче ќе се чувствува одговорен или неговите изјави следствено по сезонскиот грип 2018/2019 и починати повеќе од 28 лица дека не чувствува одговорност ќе бидат исти и сега? Каде е совеста на Филипче, човечноста? Дали воопшто има такви квалитети министерот?

И на крај кој ќе одговори, што да прават родителите на децата кои што требало да ја примаат таа вакцина на седум години,
а поминал тој период и повеќе од една година, Како да реагираат друга група на родители чии деца во периодов треба да ја примаат наведената вакцина ( дали да ја набавуваат самостојно од соседните држави ) и што е тоа што има позначаен приоритет од здравјето на децата ?