Претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска ја посетија Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, во комплексот клиники „Мајка Тереза“, во Скопје.

Посочувајќи дека после неколку децении просториите на клиниката се целосно реновирани, како и дека комплетно е обновен хируршкиот инструментариум, како и дел од опремата, Премиерот Заев истакна дека во континуитет пациентите добиваат врвни медицински услуги, во линија на најновите светски стандарди во современата пластична и реконструктивна хирургија.

Заев додаде дека Владата на Република Македонија, заедно со министерството за здравство ги реализира клучните заложби, односно за сите граѓани стануваат достапни најсовремените здравствени услуги.

Но, дали тоа е навистина така? Треба да се провери бидејќи личностите кои го посочуваат тоа не се лица од доверба во изминатиов период. Коментираат по социјалните мрежи

Зачувувањето и заштитата на здравјето на нашите граѓани, за нас како општество коешто се стреми кон одржлив развој, се врвен приоритет“, заклучи Премиерот Заев.

Помеѓу останатите придобивки, како што рече министерот за здравство, Венко Филипче, со реновирањето на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, се исполнети сите услови за спречување на интрахоспитални инфекции согласно стандардите на Светската здравствена организација. Дополнително, додаде министерот Филипче, „воведени се нови процедури кои се во чекор со современата медицина, а се подржани од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување“.

Но, дали е разгледан како изгледа клиничкиот центар, колку е среден, дали тој ги исполнува стандардите за кои зборат Филипче и Заев? Дали погледнале додека тие практицираат власт што се случува по клиниките и во каков хаос, жубришта и смет пропаѓаат истите. Дали некој ги посетил соседните клиники од таа за пластична хирургија и дали некој од Светската здравствена организација ги има видено купиштата на ѓубре под клиниките за хирургија кои сеуште се дел од амбиентот таму и никој не се потрдуил во изминативе година и неколку месеци додека е министерот Венко, министер за здравство да ги отстрани или дислоцира. Тоа се стандардите за кои збореа денес и министерот Филипче и Заев, така?

„Секој граѓанин има право на достоинствен и современ здравствен третман. Нашите секојдневни заложби и активности се насочени кон создавање на услови за исполнување на ваквата цел. Во тој процес важна е посветеноста на сите чинители во здравствениот систем. Денес сум многу горд бидејќи заедно со моите колеги – хирурзи и останатиот персонал од Универзитетската клиника за пластична хирургија покажавме дека секоја идеја може да стане реалност, ако сме доволно решителни, посветени и упорни да ја постигнеме. Така и ќе продолжиме во иднина“, истакна министерот за здравство, д-р Венко Филипче.

Повторно јавноста сведок на уште едно изобличување на вистината, поточно ниедна новинарска екипа не извести дека кличничкиот центар е целиот во хаос, пристапот до клиниките со кои се гордеат власта и министерот се во очајна состојба и дека цело време се случуваат хаос и хорор низ клиничкиот центар. Ама тоа не е причина министерот Венко и Зоран Заев да не се пофалат дека ја имаме „најдобрата“услуга, „најдобрите“ болници и додека тие се на власт се е во рамките на совршеното.

Епа за жал не е така. !!! Јавноста гледа, оценува и посочува. Немате преодна оценка!