Сеуште нема вакцини за ДиТе и Полио?!! Ама Филипче почнува незадолжителната вакцинација од пневмокок и рота вирус

Во текот на овој месец до службите за имунизација ќе бидат дистрибуирани по 90 илјади дози од обете вакцини. Почнувајќи од следниот месец, родителите коишто сакаат нивното дете да прими…

Во текот на овој месец до службите за имунизација ќе бидат дистрибуирани по 90 илјади дози од обете вакцини. Почнувајќи од следниот месец, родителите коишто сакаат нивното дете да прими некоја од вакцините, ќе имаат можност за тоа.

Според светската здравствена организација, вакцината против Streptococcus pneumoniae ги штити децата од тешки заболувања, како пневмонија, отитис и менингит.

Со воведување на вакцинацијата против Rotavirus, смета СЗО, децата ќе бидат заштитени од тешка форма на дијареи, како и од компликациите предизвикани од истите, се наведува во соопштението од Владата.

Министерот Филипче никако не одговара на прашањето од јавноста што правиме со вакцините за ДиТе и Полио кои ги нема во вакциналните пунктови повеќе од една година. Сулудо е тоа што министерот Филипче демонстрира и практицира правилна според него и општествена имунизација на децата и возрасните за општото добро на сите, а од друга страна родителите за да ги вакцинираат своите деца од овие две вакцини чекаат веќе цела година, веќе дојде втора генерација да треба да прими вакцини од ДиТе и Полио а вакцини сеуште нема.

Како и на кој начин планира да прави вакцинација и имунизација на населението Филипче? Дали тоа ќе биде селективно и само со тие вакцини кои му носат профит? Каде е министерот да објасни и да каже дали има вакцини од ДиТе и Полио, каде се ако ги има и ако ги нема зошто тоа трае повеќе од година дена?

Не се станува министер само за тендерите во 4-ри очи и продажбата на клиниките кои се државно добро, министерот за здравство треба да даде отчет пред јавноста и за вакцините и за потрошените пари и за местените тендери, за се. Филипче каде е твојот отчет – прашува јавноста?


Related Articles

Be the first to write a comment.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *