Лекарите сакаат да издејствуваат фиксната минимална плата за нив да биде илјада евра и тоа да им биде гарантирано со Закон.

Колку повисока докторска функција, толку поголема плата што може да значи најмногу 1600 евра. Борбата ја водат по институционален пат. За некое време пред пратениците во Собранието ќе се најде на гласање новиот Закон за лекарска дејност, со изготвен текст за кој сега се води јавна дебата.

Од Синдикатот на Клинички ги критикуваат колегите коишто се дел од Лекарската комора. Тие го напишале најголемиот дел од нацрт-текстот на Законот.

Од Комората велат дека се консултирале и со економски експерти за тоа колку пари да побараат минимална плата за нив, а тоа да не биде преголем товар за буџетот на државата.

Ветување на Владата беше дека до крајот на мандатот ќе се заложат платите на докторите специјалисти во терциерното здравство да се зголемуваат постепено и да достигнат износ од најмалку 100 илјади денари.

Не е само да се вети, треба и да се изреализира! Заев, Филипче дали сте присутни, докторите ве прозиваат, не се ова датуми за преговори за фиктивен влез во ЕУ, реалноста ви тропа на врата! Што сега? Како ќе се справите со докторите и нивните барања и при тоа да не ги изгубите да си заминат? Јавноста прашува исплашена дека утре нема да има кој да ги лечи болните.

Одговорите треба да ги дадете пред сите, каде сте Заев, Филипче?