Според првичните податоци до кои дојдовме и според податоци од државниот завод за статистика, во изминатава година починале 19.727 лица. Поголемиот дел се лица од машки пол и тоа 10.339 лица, додека останатите се од женски пол.

Доста страшен е податокот за смртноста кај доенчињата, според податоците од заводот, изминатата година починале 122-ве доенчиња.

Ако се посочи како институција во која се случува најголемото починување на доенчиња дека е Гинеколошко Акушерската Клиника во Скопје, тука се поставува прашањето како тоа сите доенчиња се починати, а ниту еден доктор не одговарал? Дали тоа секојпат сака да се потенцира и посочи дека е грешка на бебето што се раѓа или на родителите, никогаш не е на докторите, персоналот? Како тоа имаме толку безгрешен персонал на ГАК?

Зошто никој од институциите не потегне постапка да провери чија е вината за тоа што се починати 122-ве доенчиња? Доколку се испостави дека вината е кај докторите, кога истите ќе одговараат? До кога докторите кои ќе згрешат или нема да внимаваат и со тоа ќе загрозат или изгубат човечки живот нема да сносат никакви последици? До кога докторите кои ќе се испостави дека имаат вина во вакви случаи ќе ги криеме и ќе се чуваат и заштитуват како поларни мечки?

Јавноста прашува, родителите избезумено бараат одговори, доенчиња и понатаму умираат!!! Кога ќе се поведе контрола на тоа што се случува, за овие бројки да се намалат? Како спие мирно министерот Венко Филипче или неговата колешка директорката на ГАК Викторија Јовановска со волкава смртност кај доенчињата? Кога некој од нив како поставени и одговорни на позиција ќе понесе одговорност?

Народот бара оставка од министерот, од директорката на ГАК, ваквата неспособност треба да се казни со смена. Оставка!