„Пет дена во месецот не е рамноправност”, „Родител, а не банкомат” –  родителите на деца од разведени семејства, бараат законски измени за еднакво старателство по разводот.

Се жалат дека ретко кога си ги гледаат децата, а има и такви кои обвинуваат дека нивниот партнер го „киднапирал” нивното дете и по судското решение никогаш не им дозволил уште една средба.

„Наши отуѓени деца, ве сакаме, ве гушкаме и ве бакнуваме“, порачаа нивните роднини, од пред Собранието, на  Светскиот ден против родителското отуѓување.