„После поразот на СДСМ во Битола на последните избори, власта никако да свати дека за падот на рејтингот криви се самите тие поради нивното неработење, а не нивните неистомисленици од каде што најчесто доаѓаат критиките.

После одржаниот прес на Комисијата за здравство при ОК ВМРО ДПМНЕ Битола на 19.05.2019, директорот на Клиничка болница Битола Зоран Лазаров дел од присутните на пресконференцијата лекари и сестри ги разрешува од раководни позиции или им ги менува работните места.

Променети се од началник на одделението за максилофацијална хирургија после 8 годишно раководно искуство и 18 годишно искуство како спец по максилофацијална хирургија Зоран Буџевски, од одговорен на оддел во одделението за гинекологија разрешен е Иванчо Василевски – специјалист по Гинекологија со 23 год искуство, променети им се работните места и на двете мед сестри Билјана Гареска и Валентина Милошевска.

Директоре уште еднаш ве повикувам да и одговорите на јавноста до каде е ставањето во функција на: акцелераторот, ангиографот, гама камерата на нуклеарна медицина, кабинетот за инсеминација и докаде се 100.000 денари плата за лекарите специјалисти?“ рече Иванчо Тошевски претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ.