Kлиниката за кардиологија распишала тендер за медицински потрошен материјал иако нема апарат со кој ќе се применува овој вид на кардиолошки материјал. Тендерот бил објавен на крајот на минатата година, а спецификацијата која е подготвена од Кардиологија упатува на тоа дека дел од бараниот материјал одговара само за еден конкретен бренд на апарат, што укажува на тоа дека однапред се знае кој ќе го добие тендерот. Однапред се е осмислено, во тој период директор на клиниката за Кардилогија и актуелен директор сеуште е Жан Зимбаков

Станува збор за набавка на медицински материјал – електростимулатори, дефибрилатори, електроди, катетри, за лабораторија за електрофизиологија и електростимулација на срце.

Индикативно во целата ситуација е што апаратот “ 3 Д мапинг систем”  кој треба да го набави Министерството за здравство се уште не е набавен, а  јавниот повик за овој апарат  бил објавен откако Кардиологија го објавила повикот за јавен дијалог во октомви 2018 година.

Реагира една од  фирмите учесник во јавната набавка од каде велат дека се сомневаат во легалноста на тендерската постапка, бидејќи се бара материјал за апарат кој се уште не е набавен. Особено што директорот на Клиниката за кардиологија, Жан Зимбаков ја потпишал Одлуката за спроведување на јавната набавка и одлучувал за изборот на понудата.

Директорот Зимбаков треба да одговори како е правена спецификацијата за одреден вид потрошен материјал кога е очигледно дека дадените услови ги исполнува само една фирма.

Со вака осмисленот тендер однапред се знае кој ќе го добие иако на јавниот повик може да се понуди таков потрошен материјал со пониска цена и за 250 000 евра, се вели во Претставката до Антукорупциска комисија.

Не е ова единствен случај на оваа влада и ова министерство на вакви смислени и тендециозно склопени тендери во кои однапред се знае фирмата добабувач, како и цената на чинење. Не дека истиот матријал неможе да се набави за пониска достапна цена, туку на тој начин провизијата нема да биде доволна.

Кога министерот Филипче ќе понесе одговорност за ваквите раководења и работења во министерството за здравство и во клиниките пооделно? Кога ќе почнат ваквите испади на директорите на клиниките да се санкционираат? До кога ќе се трошат државните пари за лично богатење од провизии при набавка на матријали за апаратура која сеуште ја немаме?

Јавноста има право да знае! Вие сте на ред г-не Министре, Венко Филипче, објаснете!