Министерот Венко Филипче демантира дека поранешниот министер за здравство Никола Тодоров е негов советник. Тој на фејсбук статус реагира на пренесена изјава од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој впрочем го тврди ова.

„Во јавноста почна да се актуелизира и шири стара вест, која не е вистинита и е изјава на претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, објавена во април годинава како нова вест, дека наводно во Министерството за здравство како советник работи поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Веста е тогаш демантирана, но ќе повторам уште еднаш, Никола Тодоров не е советник во Министерството за здравство, стои во објавата од актуелниот министер.