На последната собраниска седница, на која се поставуваа пратенички прашања, Министерот за здравство конечно малку се врати во реалността. Не можеше да каже колкаво ќе биде покачувањето на платите на докторите до крајот на оваа година и како планираат да дојдат до основна плата од 100 000 денари ? Но наспроти изјавите во медиумите дека докторите- специјалисти во моментов земаат просечна плата од 90.000 денари, изјава дадена на 07.06. 2019 на националниот сервис МТВ на неговиот прв канал, каде Филипче заедно со премиерот Заев ги образложуваа платите на специјалистите, сепак сега на седницата беше пореален !
На таа иста седница, Министерот Филипче прва пат призна дека во државата ги нема сите предвидени вакцини ( за што нашиот портал и порано пишуваше ) кои влегуваат во задолжителниот календар за имунизација ! Конечно чесно одговори – дека во време на епидемија, подолго време ги нема сите вакцини !
А од друга страна и премиерот Заев потврди дека во аптеките, лекови во месецот има само до петти во тековниот месец, а за тоа вината ја префрли кај матичните лекари кои издавале повеќе рецепти отколку потребното !
Оваа е фактичката состојба во последните две години во здравството ! Ветување за решавање на недостатоците, имаше уште тогаш, но остана само разочараноста на пациентите, недовербата за некакво подобрување и да се молиме на Бога за нашето здравје !