Се скратува времето што специјализантот треба да го одработи во здравствената установа по завршувањето на специјализацијата.

Со измените во законот за здравствена заштита, намалена е и висината на средствата што треба да ги надомести доколку предвреме ја напушти болницата. Од здружението на лекари специјализанти ја поздравуваат измената на законот, за која како што велат со години се бореле за позитивни промени и подобрување на статусот на специјализантите, а се со цел да се намали одливот на лекари од земјава.

Никако при тоа министерот не наведува кога специјализантите и докторите ќе ги добијат ветените плати, капитациски бодови и ќе бидат соодветно третирани. Од министерството немаат коментар за другите состојби, едноставно да се пофалат дека има некакво добро за време на нивното владеење, додека сликата на терен е комплетно спротивна.