ВМРО-ДПМНЕ реагираа на соопштението на СДСМ за зголемување на платите на социјалните работници.

„СДСМ заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и понатаму продолжуваат да се фалат со невистински мерки. Не само што Царовска шири лаги туку секојдневно оди по градинките каде се фали пред вработените дека нивната плата ќе се зголеми. Зошто Царовска не им одговори на оваа група вработени зошто на почеток на годината нивната плата беше намалена за околу 900 денари. Очигледно на Царовска не и доста од ширење на лажни вести, па со ова реши да прави дискриминација на вработените по градинките.

Единствена премолчена вистина од страна на СДСМ е дека покачување има само за даватели на услуги, вработени со високо образование со 240 ЕКТС, a намалување на плати има за административни службеници – вработени со високо образование 240 ЕКТС. Поради овие лаги од страна на Царовска, таа не заслужува да биде министер. На граѓаните им е повеќе од јасно дека таа секојдневно се служи со голем број на лаги. Потребно е Царовска да си замине веднаш со оваа криминална власт предводена од Заев.