Филипче бара преку социјалните мрежи да си прости со опозицијата или се бараат начини за нова манипулација и уште еден трик од асортиманот на оваа власт? Повикот од  министерот Венко е: што било, поминало, да се заборават во изминатите три години сите местени тендери, манипулации и опустошување на народот, да си продолжиме сега понатаму и да си подадеме рака.

ФБ статусот: Да бидеме конструктивни за доброто на државата. Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат и да ја следат работата на сите тела вклучени во проектот за изградба на Нов Клинички центар во Скопје. Ова е единствен начин ваков голем проект да успее за доброто на граѓаните на државата. Заедно да бидеме дел од еден успешен проект. Транспарентно, заеднички да покажеме дека интерес ни се граѓаните, а не собирање на политички поени. Отворени сме за соработка, ве очекуваме да бидете дел од работните групи.

Но, дали така може министре? Дали ова е само уште еден трик на актуелната власт реализиран преку министерот за здравство или едноставно министерот сака да ја одоброволи опозоцијата за кога ќе се смени власта, да биде на нивната добра страна? – прашуваат граѓаните на социјалните мрежи