Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, придружувана од градоначалникот на Општина Гази Баба беше на маалска средба со граѓаните на населеното место Јурумлери, општина Гази Баба.

Пред граѓаните, Царовска порача дека Гази Баба наскоро ќе добие нова градинка, а преку инвестирањето во нови објекти на градинки, опфатот на деца во градинките ќе порасне на 50 отсто.

– Владата предводена од СДСМ со дадените ветувања за изградени објекти и завршени работи, проекти и физбилити студии предводи од сите влади до сега, бидејќи никој како нив не ветува и од тоа ништо не исполнува. Според Министерката оваа влада постојано инвестира во проширување на капацитетите на детските градинки и зајакнување на кадарот во градинките иако тоа граѓаните не го приметуваат.

Царовска истакна дека преку успешните економски политики позитивно се влијае на зголемување и на просечната плата.

СДСМ ги реализира потребите на граѓаните и се менува во нивен интерес. Маалските средби како нов концепт на делување на СДСМ продолжуваат и во следниот период, како поинаку до граѓаните ќе стигне гласот за новите ветувања на челниците на СДСМ, кога граѓаните веќе наголемо не сакаат да се собираат и да се состануваат со челниците од власта токму поради фактот дека многу ветувања се дадоа и во предизборната кампања и потоа и приближно до нула ветувањата се изреализираа.