Mondano Playground Center е најголемата игротека под отворено небо која вчера се отвори во Скопје. Истата е во склоп на Мондано Спортскиот комплекс кој се наоѓа зад гимназијата Јосип Броз Тито.

Стотици деца ќе можат да играат на уникатните поставки како Ninja Warrior паркот, големата трамполина и Зорб топките за одење по вода. Сите овие игри се посебни избрани од тимот на Мондано со цел се овозможи што е можно повеќе можности за физичкиот и социјален развој кај најмалите.

Приказната на Мондано Спортскиот комплекс трае веќе 8 години и илјадници млади имаат поминато низ нивните терени, посебно учениците од гимназијата Јосип Броз Тито кои ги користат бесплатно. Нивниот развој и среќа беше мотивација да се отвори Mondano Playground Center.