Во кумановско исто така почна „хајка“ по сите оние деца кои не се вакцинирани и по нивните родители, едноставно казнувањето, санкциите, глобата од 300-650 евра изгледа е новата кампања на Министерството за здравство за да се одбележи неделата на имунизација и населението што повеќе да се вакцинира – коментираат на социјалните мрежи загрижените родители.
-„Правото на избор кај родителите го нема и не постои повеќе, сега имаме министер кој си го зема правото да одлучува за нашите деца“ гласеше еден од коментарите.
Епидемиолозите од  Центарот за јавно здравје во соработка со превентивните тимови за имунизација од  Здравствен дом, Куманово,  детално ги проверуваат картоните на децата кои подлежат на вакцинација од регионот на Куманово, Липково и Старо Нагоричане, со цел да се пронајдат децата кои воопшто или нередовно се вакцинирани.
Последнава година се бележи нешто помал опфат, за пооделни вакцини, меѓу кои најнизок за МРП вакцината, што се должи, на антивакциналната кампања која најмногу делува на  родителите од урбаните средини.
– Годинава преку едукативен материјал наменет за родителите, преку санкциите кои ги донесува и имплементира министерот, прекус систем на казнување и условување или вакцина или суд, се започна со вакциналната кампања и се започнува со масовно заплашување на населението насекаде низ Македонија, – „Доколку не се вакцинирате следи казна, правото родителите да одлучуват за нивното дете повеќе го нема и не постои“ меѓу редови се соопштува од министерството за здравство со начинот на кој реагираат последниот период.
И покрај ваквата несоодветна кампања, раководителот на превентивните тимови, Стаменковска, посочува дека има доволно информации за тие што се интересираат и сакаат да знаат, ги информираме заинтересираните родители за најчестите прашања и одговори поврзани со безбедноста на вакцините. Материјалот е достапен во градинки, ординации на матични лекари, училишта. Според неа нема потреба од поголема информираност да се опфати целото население, кого го интересира ќе праша!
Каде се јавните и транспарентни кампањи за избор на вакцини, каде е правото на избор на родителот, каде се кампањите за информирање на сите во детали за секоја вакцина, каде е сето тоа што се ветуваше во изборните кампањи или тоа беа само празни ветувања да се дојде на власт, па сега народот го трпи сето тоа што е хаос, неможност да се организира здравството, преку санкции, казни и одење по судови – беа неколку од коментарите по форуми од страна родители на кои им се наметнува вакцинацијата.