Уште едно од низата ветувања на власта и на министерот за здравство Венко Филипче, поточно министерот пред да започне продолжениот викенд се појави и кажа дека нема повеќе да има квоти, истите се укинуваат и нема да важат од 1-ви Октомври. Да е само тоа дадено ветување, да се само изминативе неколку работи можеби граѓаните и ќе поверуваа, пациентите уште повеќе, но Филипче освен за ветувањето под број 256566878888989654351, проговори и за уште неколку други, министерот исто така посочи и проговори за реновирањето на ЈЗУ кои ќе биле преку 30-ет на број. Проследете го во продолжение целото обраќање на министерот и самите одлучите дали ќе верувате на дадените ветувања или не. До сега стапката на реализација во однос на дадено ветување е помала од 0,01%.

„Во периодот којшто следи, ќе се реновираат над 30 јавни здравствени установи. Успеавме да воведеме биолошка терапија на клиниките во Скопје, ќе се добијат над 30 нови молекули со новиот начин на набавка. Сите пациенти на кои им беше потребен нов инсулин веќе го добија, стигнува и лекот Спинраза за децата со спинална мускулна атрофија. Продолжуваме со големиот број на вработувања, близу 5000 согласности се издадени од почетокот на 2018-та година досега, а ќе се вработат и сите доктори и медицински сестри кои се јавија на јавниот оглас којшто го објавивме пред неколку месеци”, додаде министерот Филипче во неговата изјава за медиумите.