„Со парите што ги кратите од здравството и образованието, студентски дом ќе се изградеше!!?!”

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица, Ванковер Манчев на комисиската расправа во собранието за ребалансот на буџетот истакна дека власта не само што не им враќа парите на граѓаните како што…

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица, Ванковер Манчев на комисиската расправа во собранието за ребалансот на буџетот истакна дека власта не само што не им враќа парите на граѓаните како што ветуваше, туку им ги зема парите за разни давачки, како и фактот дека нема да се продуктивни кратењата во здравството.

-Од претходниот ребаланс на буџетот каде што ист добија дел од општините со пренаменување на нашиот буџет кои вие го планирате па ги преименувате парите таму каде што мислите дека е потребно. На што ги потрошија општините тие пари? Дали парите дојдоа кај граѓаните или останаа кај вработените во општината ? Вие рековте дека се грижите за граѓаните, но вие им ги земате парите на граѓаните, затоа што да било спротивно немаше ваша прва мерка од доаѓањето на власт да биде покачувањето на акцизата. Покачувањето на акцизата е десет пати поголем губиток за едно семејство отколку вашите фискални сметки кои во просек е израчунато дека ќе добјат по едно евро од член, вели Манчев.

-Од тие пари што ги кратите од здравството и образованието барем да изградите еден студентски дом, наместо да ги собирате парите од здравството барем за болнички возила да има еден достоен транспорт на пациентите и болните, а вие кратите од здравството и кажувате дека овој ребаланс на буџетот е продуктивен и за граѓаните,вели Ванковен Манчев од собранието.


Related Articles