Интензивниот ритам на живот доведува до тоа дека многу од секојдневните проблеми можат да се решат преку добар и здрав сон. Во зима ненаспаноста е уште поопасна, бидејќи во овој период од годината организмот е изложен и на други промени, кои во никој случај не одат во корист на здравјето.

Уште одамна е потврдено дека ноќниот одмор ги штити нервните клетки од  пренапрегнување. При постојана мозочна агитација работата на психата се нарушува. Имено, лошиот сон е и една од причините за депресијата .

Непотполен одмор и неквалитетен сон  води до зголемена анксиозност, намалување на концентрацијата и иритација.

Работоспособноста опаѓа, се појавува главоболка, а неквалитетниот сон може да доведе и до неправилна активност на срцето или да се зголеми крвниот притисок.

Експертите препорачуваат неколку проверени начини кои можат да помогнат да си го обезбедиме потребниот и прекрасен одмор на телото во текот на ноќта:

–       спијте и будете се во исто време дури и во време на викендите

–       Не легнувајте пред да бидете сигурни дека ви се спие, за да не се вртите во кревет

–       Ако не можете да заспиете веднаш, станете и земете во рака некоја досадна книга

–       Не задремувајте пред вклучен телевизор

–        Оставете си време да се релаксира пред спиење. Малиот екран не е најдобар избор. Одделете си време да се оддалечите од секојдневните проблеми. Послушајте музика пред спиење

–       – Избегнувајте кафе и чај навечер

–        Не се преценувајте. Ако не ви стигнуваат силите за да постигнете сè во еден ден, запрашај се дали ќе успеете да се справите со последиците од ненаспаност

–        Создадете си ритуал пред заспивање, навики кои ќе ги практикувате секоја вечер. Така организмот сам ќе се ориентира дека сега е време за спиење

–       Сонот е подобар, кога во собата е темно и ладно. Редовно проветрувајте пред спиење

–        Доколку сте подложни на инсомнија, не посегнувајте по антидепресивите. Тие треба да се прифатат и консумираат само под строга лекарска контрола. Напротив, ориентирајте се кон препарати кои содржат комбинација од природни аминокиселини. Тие го подобруваат сонот, го намалуваат психичкиот замор и го олеснуваат апсорбирањето на нови информации