По денешните случки во болницата „8-ми Септември“ и во КБ Тетово, свој став изрази и пратеникот Горан Манојлоски на социјалните мрежи.

Пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го повика министерот Филипче на одговорност за овие немили настани кои станаа секојдневие по македонските болници.

„До кога колега Филипче ќе ни ги малтретитраат и тепаат колегите , а Вие ќе молчите ??? Утрово физички е нападнат лекар на неговото работно место во КБ Тетово !!! ДОКОЛКУ НЕ СТЕ КАДАРЕН ДА ЈА ВРШИТЕ ВАШАТА ФУНКЦИЈА ПОДНЕСЕТЕ ОСТАВКА ВЕДНАШ“, напиша пратеникот Манојлоски.