Лекар во болницата 8 Септември бил физички нападнат од близок член на семејството на пациент кој починал. Настанот се случил синоќа, а интервенирала и полицијата. Медицинскиот персонал стравува дека некој ден пациентите ќе им извадат и пиштол. Директорот на болницата 8 Септември, каде што се случил инцидентот, Христијан Костов вели дека имало вербален напад, а не физички. Тој вели дека нема протест во болницата туку дека тој лично ги повикал лекарите на состанок.

Од МВР го потврдуваат случајот и велат дека против напаѓачот е покрената постапка за нарушување на јавниот ред и мир.

По серијата напади врз медицински персонал, Синдикатот на лекари пред една недела излезе на протест, кога побара заштита на медицинскиот персонал. На протестот излезе и сасмиот министер за здравство, Венко Филипче.