Во просек, препорачливо е да губите 1-2 килограми месечно, бидејќи се што е повеќе може да биде штетно за вас. Затоа треба да ги избегнувате радикалните диети.

Слабеењето е макотрпен процес, особено кога треба да се изгубат повеќе килограми. Постојат многу брзи диети, но тие може да го загрозат здравјето и потоа да ги вратите килограмите многу брзо.

Во просек, препорачливо е да губите 1-2 килограми месечно, бидејќи се што е повеќе може да биде штетно за вас. Затоа треба да ги избегнувате радикалните диети.

Трајно губење килограми ќе постигнете со здрава исхрана, физичка активност и дисциплина. Во зависност од вашиот метаболизам, може да изгубите и до 5 килограми за четири недели.

Затоа, за да се осигурате дека правилно го правите тоа, почнете од промена на прехранбените навики.

Пијте многу течности, најдобро вода и незасладени чаеви. Наутро внесете здрави јаглехидрати. Ручекот комбинирајте го избалансирано, со јаглехидрати, белковини и масти.

Не заборавајте попладне барем да пешачите, за да го забрзате метаболизмот. Вечерата обидете се да ја изедете најдоцна до 19 часот, а најдобро е да комбинирате белковини со зеленчук.

Интегралните печива подолго држат ситост од белите. Месото јадете го 2-3 пати неделно, во мали порции. Јадете полека и убаво џвакајте ја храната.

Избегнувајте алкохолни пијалаци, бидејќи се преполни со скриени шеќери и калории.

Не морате да броите калории и да се мерите секој ден. Најважно е да сте сигурни дека планот на исхраната ви е избалансиран. Ако има потреба, водете и дневник на оброците. На тој начин ќе си обезбедите здрави навики со кои сигурно ќе ја добиете посакуваната линија.