Потечените гради се само еден од симптомите кои се јавуваат пред менструалниот циклус. Иако оваа појава е непријатна, нема причина за грижа. „Чувствителноста на градите е нормалнa“, истакнува професорката по гинекологија од Универзитетот Јејл, Мери Џејн Минкин.

„Една од причините за зголемената чувствителност на градите се хормоналните промени што се случуваат после овулацијата и пред менструацијата“, објаснува гинекологот д-р Тарана Ширазијан.

Значи, нормално е, но сепак е болно – како можете да ги ублажите болките и чувствителноста?

Доколку болката е неподнослива, пијте ибупрофен кој за брзо време ќе ја намали болката во градите.

Носете удобен спортски градник. Одредени градници, како што се оние со жица, можат да го засилат непријатното чувство, поради што спортскиот градник е најдоброто решение за овие денови.

Намалете го внесот на кофеин. Многу жени кои ги имаат овие промени пред менструацијата се чувствителни на кофеинот.

„Кофеинот стимулира многу различни клетки и може да ја зголеми иритација на дојките“, вели гинекологот д-р Томас Руиз.

Внесувајте 100-200 гр. витамин Б6, 200 гр. витамин Е.

„Држете ладни облоги. Доколку премногу ве боли, ова може да ви ја олесни болката“, вели д-р. Мери Џејн Минкин.