Поголема ефикасност во секојдневните активности и подобри решенија за животните ситуации на современиот човек му нуди едукативната програма „Уметност за свесна промена“ на Естонецот Ингвар Вилидо, што е достапна и во земјава. – Уметноста за свесна промена не ве учи што мора или што можете да бидете. Ве учи како да се ослободите од автопилотот. Моето искуство покажува дека имаме премногу, не премалку. Премногу негативни емоции, премногу негативни мисли, премногу недоразбирања, немаме способност за концентрација затоа што имаме премногу „не разбирам“. Ова учење е уникатно бидејќи учи како да се ослободиме од нештата што ги имаме премногу.

Трошиме многу работи и правиме многу отпад. Кога ќе бидеме свесни, без многу емоции и мисли, стануваме еколошки битија. Многу важно е што луѓето не знаат кои се навистина. Мислат дека се, чувствуваат дека се, но вистинската личност недостасува. Тоа значи дека ние не чувствуваме дека сме тие нешта бидејќи не знаеме кои сме. Во суштина сите сме добри луѓе. Љубезни, не сакаме да се бориме, не сакаме проблеми. Ние сме добри, вели Вилидо. Луѓето кои живеат ефикасно ги нарекува „хјуман 2.0“.

Тоа, објаснува, е името на нашата едукативна програма чија цел е решавање на секојдневните човечки предизвици. Во текот на 30 години практика и истражувања, обучив илјадници луѓе од различни држави низ светот како да си го подобрат, да си го олеснат својот живот, да живеат поефикасно и да имаат успешен живот и односи. Првиот центар е во Естонија. Основан од него и неговите ученици. Постои 25-26 години и сега има ученици од целиот свет, а организираат и обуки во Европа, САД, Јужна Америка, Македонија. Во Естонија е отворено и првото училиште за деца што применува елементи од неговата програма. Неговата порака е дека решение за човештвото е да откриеме кои сме навистина. – Сите луѓе се обидуваат да се променат, но никогаш не успеваат.

Се обидуваме да ги смениме другите со текот на времето, но не успеваме. Само ако сфатиме дека треба ние да се промениме, само тогаш е возможно. Цело знаење на уметноста за свесна промена се заснова на нашето разбирање. Целосно е индивидуално. Уметноста за свесна промена учи како да го запреме автопилотот што ни го управува животот, бидејќи само ние можеме да го направиме тоа. Тоа е многу важен момент. Затоа учењето е индивидуално. Иако доаѓаат луѓе во група, појаснува Вилидо. Тој истакнува дека низ целиот свет многу луѓе се будат, што значи дека свесноста е примарна алатка во нивниот секојдневен живот, примарна способност, која дава поинакви способности. Според него, луѓето стануваат попаметни, попаметно можат да го управуваат својот живот и како пример го посочува бизнисот.