На одредени медиуми се појави видео во кое што се гледа како огромни лебарки шетаат по ходникот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Лебарката била забележана во холот на „Градската“ болница како што ја знаат граѓаните. Пациентите веднаш реагирале до надлежните да внимаваат на хигената во оваа здравствена установа.