Калкинките и урмите покрај тоа што се вкусни и здрави, кога се комбинираат заедно се и добитна комбинација против борбата со болести на срцето. Доволно е само половина чаша сок од калинка на ден, заедно со неколку урми!

Тим на истражувачи од израелскиот Институт за технологија „Технион“, предводени од професорот Мајкл Авирам, откриле дека комбинацијата на сок од калинка и урми (заедно со семките) обезбедува максимална заштита од атеросклероза, што може да предизвика срцев или мозочен удар.

Неколку ризик фактори се вклучени во развојот на атеросклероза, вклучувајќи оксидација на холестерол што доведува до акумулација на липиди во артерискиот ѕид. Природните антиоксиданси можат да го забават процесот на оксидација во телото и притоа да го намалат ризикот од срцев удар.

Проф. Авирам заедно со неговиот тим веќе 25 години работеле на изолирање и истражување на тие антиоксиданси. Уште пред да започнат со последното истражување, биле свесни за придобивките од  посебното конзумирање на калинки и урми.

Сокот од калинки кој е богат со полифенолни антиоксиданти (добиени од ратенијата) значително го намалува оксидативниот стрес. Урмите пак, кои се богат извор на фенолни антиоксиданси ја инхибираат оксидацијата на т.н. лош холестероли го стимулираат отстранувањето на холестеролот од артериските клетки.

Така, со оглед на тоа што калинките и урмите се составени од различни фенолни антиоксиданси, научниците сметале дека нивната комбинација би била уште покорисна.

Научниците спровеле експеримент на атеросклеротични глувци, а тестирале и култивирани артериски клетки. Откриле дека тројната комбинација на сок од калинки, урми и семки од урми обезбедува максимална заштита од развојот на атеросклероза, бидејќи таа комбинација го намалува оксидативниот стрес во артерискиот ѕид за 33% и ја намалува содржината на холестерол за 28%.

Научниците истакнуваат дека луѓето со висок ризик за кардиоваскуларни заболувања, но и здравите индивидуи, може да имаат значителни придобивки од само половина чаша сок од калинки и три урми на ден. Идеално би било семките да се сомелат и да се изедат, но дури и без нив, комбинацијата на овие две овошја е многу поздрава отколку конзумирањето на секое поединечно.