Ќе добиеме ли еднаш ОДГОВОР на што сè се должи високото загадување во Карпош?!

? Во време на Стевчо, од Косово беше загадувањето (иако, да, точно е дека има прекугранично загадување кое доаѓа од Косово, но во висина од околу 2% за PM10 и 1% за PM2.5).

? Богоев има сознанија дека доаѓа од Сарај. Сигурно има голем дел кој доаѓа од таму, според струењето на воздухот, правецот на негово движење.

? Но, со конечно мерење на PM2.5 од мобилната станица во Ѓорче, имаме поинаква слика.
Од трите мерни места (Центар е третото), Карпош е убедливо и далеку НАЈЗАГАДЕН. Теоријата дека доаѓа од Сарај не се поклопува како треба, зошто во тој случај Карпош немаше да е позагаден од Ѓорче.

Со ГОДИНИ трубиме и бараме да се утврди кој сè го загадува Карпош и да се решат загадувачите.
За постојаното горење на отпад од Сарај знаеме, знаеме и за СЕКОЈДНЕВНОТО палење на кабли покрај Вардар и во Злокуќани. Има ли и други извори, зошто ако нема, тогаш палењето кабли НÈ СОТРЕ!

Stefan Bogoev Општина Карпош Инспекторат на град Скопје Град Скопје Петре Шилегов Министерство за животна средина и просторно планирање Влада на Република Северна Македонија бараме да излезете со ПОДАТОЦИ на што се должи ваквото загадување во Карпош, КОИ СЕ загадувачите кои во континуитет даваат највисоки концентрации за PM2.5 во овој дел на градов. На што се должи ваквото зголемено количество на PM2.5, од кои извори. И што ќе се преземе КОНКРЕТНО да се елиминира ваквиот извор на загадување.

Доста ни е од аматерско однесување, со недоволно податоци, „недоквакани“ анализи, и со претпоставки ко на гравчиња да гледаме.

Одговор чекаме пред почеток на грејната сезона.
Измерете, пуштете дронови, камери, инспекции, направете што треба, но одговор МОРА да има.