Проблемот со акни е присутен во нашиот живот, ако не е тоа постојан проблем,  тогаш сигурно во еден период од животот сите сме го имале. За оние кои мака мачат со акните еве неколку совети како да му помогнете на вашето лице а при тоа да не користите јаки хемиски препарати. Потребно ви е само мед, органски зелен чај, гел екстракт од слуз од полжав и секако трпение.

Потребно е да пиете зелен чај секое утро со лажичка мед, тој ќе го поттикне вашето тело да се прочисти, ќе влијае на вашиот метаболизам, ќе ги собере мастите од вашето тело и ќе ја смири кожата на лицето.

Ќесичката чај може да ја користите и како маска за лице. Измешајте го остатокот од веќе искористената ќесичка зелен чај со малку мед и нанесете ја оваа мешавина на лицето. Оваа природна маска може да ја нанесувате секоја вечер и да ја миете со млака вода. Кожата ќе ви биде благодарна што сте ја нахраниле и препородиле. Исто така ќесичката зелен чај може да се користи како облога за подочниците. Ќе ви помогнат лицето да ви изгледа одморено и полно со енергија.

Зелениот чај е богат со антиоксиданти  кои помагаат за разубавување на кожата и ја прочистуваат од слободните радикали. Медот од друга страна го намалува црвенилото ја храни кожата и ги уништува бактериите кои предизвикуваат акни.