Филипче задоволен од новите вработувања во здравството, но дали вработените се задоволни?

Филипче изјави дека со големиот број вработувања, зголемен е капацитетот на јавно-здравствените установи на секоја поединечно за 10 проценти. Воведовме и нова мерка, за задолжителен шестмесечен платен стаж на младите…

Филипче изјави дека со големиот број вработувања, зголемен е капацитетот на јавно-здравствените установи на секоја поединечно за 10 проценти.

Воведовме и нова мерка, за задолжителен шестмесечен платен стаж на младите лиценцирани доктори. Ова е одлична стимулативна мерка за да останат во земјата, да стекнат експертиза под менторство на поискусни лекари и да работат на примарно ниво на здравствена заштита, таму каде што навистина се стекнуваат првичните искуства. Тоа се итната медицинска помош, вакциналните пунктови и патронажните сервиси, рече министерот Филипче.

Тој потенцираше дека со инвестицијата во платите и дежурствата, има доктори коишто и сега земаат нето плата од 100 илјади денари, а во овој момент се работи на обезбедување на буџет за тоа да важи за сите лекари специјалисти следната година.


Related Articles