Научниците открија нов антибиотик Лугдунин  кој уништува тешки бактерии како MRSA, чест причинител на тешки болнички инфекции. До отокритието, објавено во научното списание Nature, дошол тим научници од Универзитетот во Тубинген, Германија со анализа на брис од нос од 37 луѓе. Околу 30% од луѓето токму во носот ја има бактеријата Staphylococcus aureus.Бактеријата е изолирана за се види дали и се спротиставуваат други микроби од носот. Се покажало дека тоа успешно го прави Staphylococcus lugdunensis. Ист ефект покажала оваа бактерија кога се во прашање и други тешки бактерии кои предизвикуваат менингитис, уринарни инфекции и др. Затоа ова откритие научниците го нарекуваат почеток на нов антибиотик- лагдунин.

Ова е голема вест во светот поради две причини- се поголема е отпорноста на бактериите на антибиотици поради нивната претерана употреба и свртувањето на научниците кон човековото тело како извор на потенцијални лекови, антибиотици.

Но до производство и примена на новиот атибиотик сигурно ќе поминат десетина години. Патот од откритието до производството се проценува дека ќе чини околу две милијарди долари.