Во собраниската комисија за здравство пратениците дадоа зелено светло за законските измени за увоз на лекови и медицинска опрема. Но, од опозицијата се сомневаат за можни манипулации и фаворизирање на определени компании.

Но, министерот Филипче тврди законот гарантира транспарентност при издавањето на сертификатите, како и за се до сега нели? Така беше за вакцините, транспарентно, така ќе биде и сега. Додека од агенцијата за лекови гарантираа дека ќе се увезуваат квалитетни медикаменти.

Преку законските измени се предвидува лековите кои ќе се увезуваат со паралелен увоз, задолжително да треба да имаат два сертификата, еден од производителот и друг од домашна акредитирана лабораторија, како гаранција за квалитетот.