Недоследности во исплата на плати, проблематична систематизација на работни позиции, избор на директор без конкурс, сопственички проблем за просторот, отсуство на конкуренција во јавните набавки – ова се серија на забелешки и слабости кои ги открива државниот ревизор во работењето на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Тетово кој е значаен бидејќи  располага со  акредитираната лабораторија за Санитарна хемија која опслужува пациенти и е единствена во регионот која се занимава со испитување на исправноста на храна и вода, и спречување на епидемии и зарази, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

За финансиските извештаи на тетовскиот Центар за јавно здравје ревизијата се воздржува од давање мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и изразува неповолно мислење за усогласеноста со законската регулатива.  Во однос на нацрт-извештајот, ревизорите информираат дека не биле примени забелешки од страна на овластеното лице – раководството.

 Како се исплаќале платите и надоместоци

 Се работело прекувремено – но без да се усвои процедура со која ќе се регулира начинот на организирање, евиденција и контрола на прекувремената работа. Серија на недоследности открива ревизија при исплатата на плати и надоместоци на вработените во тетовската здравствена установа.

“Утврдиме дека во текот на годината прекувремено се ангажирани вработени во одредени служби за работа на терен надвор од редовното работно време, каде што Центарот за секој еден час прекувремена работа му пресметува и му одобрува на вработениот еден и половина час слободен ден, што не е во согласност со позитивните одредби“ – наведуваат ревизорите а одредбите предвидуваат дека на вработениот му следуваат онолку слободни часови-денови колку што се одработиле прекувремено.

 Иако Центарот за јавно здравје располага со електронски систем за евиденција на работно време, од извршените разговори со одговорните лица и со увидот во документацијата, ревизорите заклучиле дека во текот на 2018 година системот целосно не фунционирал, односно податоците од истиот не се користеле за пресметка на платите и за контрола и анализа на редовноста на вработените. Дополнително се открива дека тетовската здравствена установа не имплементирала Централен систем за евиденција на работно време што е воспостевен од страна на Министерството за здравство ниту пак е назначено одговорно лице за проверка и следење на електронскиот систем на евиденција.

“Утврдените состојби влијаат на потврдување на точноста на податоците за работно време на вработените и контрола на пристапот до просториите на Центарот“ – наведуваат ревизорите.

 Во делот на исплатата на плати ревизорите посочуваат дека утврдените состојби не се во согласност со повеќе закони: Законот за административни службеници, Законот за здравствена заштита и Законот за работни односи.

 Со решение на министерот за здравство во август 2017 година именуван е вршител на должноста директор на Центарот со мандат од шест месеци кој ја извршува оваа функција до денот на ревизијата во 2019 година.

 “Управниот одбор на Центарот не постапи согласно член 108 од Законот за здравствена заштита според кој требало да донесе одлука за распишување на јавен конкурс за избор на работодавен орган“ – нотира ревизијата.

 Каква ќе биде судбината на Санитарната лабораторија – единствена во регионот

 Голем проблем открива ревизија во однос на просторот во кој е сместена тетовската здравствена установа. Ревизорорите посочувата дека ЈЗУ Центар за јавно здравје – Тетово не раполага со сопствени простории а оние во  кои е сместен се проблематични. Имено, во 2011 година Владата ги дава на времено користење на Министерството за образование а во 2014 година правото на користење на недвижните ствари се пренесува на Државниот универзитет – Тетово з апериод од 10 години, пришто било утврдено тршоците за селење на здравствената уставнова да ги сниси тетовскиот универзитет.

 “Државниот универзитет – Тетово во месец јануари 2019 година доставил до Центарот ургенција за барање за напуштање на простории и покрај тоа што претходно не ги исполнил своите обврски согласно заклучокот на Владата кои се однесуваат на обезбедување на соодветен простор и селење на Центарот. Во овој простор е сместено санитарно-хигиенската дејност како и акредитираната лабораторија за Санитарна хемија која опслужува пациенти и е единствена во регионот која се занимава со испитување на исправноста на храна и вода, и спречување на епидемии и зарази, поради што е потребно непречено функционирање“ – наведува ревизорот и нотира дека и покрај ова Тетовскиот универзитет доставил дури и ургениција до Владата и до ресорното министерството од каде бара решение на проблемот. Министерството за здравство му посочува на Универзитетот да постапи според владината одлука и да обезбеди соодветен простор за тетовската здравствена установа. До денот на ревизија решение за овој спор нема. Ревизорите упатуваат на отсуство на конкуренција која треба да води кон намалени набавни цени при набавките за апарати и реагенси, односно сите апарати се од затворен систем и користат реагенски кои ги обезбедува фирма од која истите се набавени или пак се јавува само една компанија која поседува ексклузивно право за продажба на реагенсите.

 “Поради немање услови да се врши намалување на цената преку електронско негативно наддавање се прифаќа цената која е дадена во понудата на единствениот понудувач. Воспоставениот начин на обезбедување на апаратите за вршење лабораториски испитувања и спроведување на набавките за регенски не обезбедува конкуренција, спроведување на електронска аукција и соодветно искористување на средствата што се доделуваат преку јавните набавки што не е во согласност со член 2 од Законот за јавни набавки“ – се наведува во ревизорскиот извештај.

 На крајот од 2018 година тетовската здравствена установа прикажала ненаплатени побарувања од Министерството за здравство за извршени здравствени услуги во износ од 52 300 евра.