Вообичаено важи правилото го добивате она што го плаќате.

Евтините шампони се воглавно масовно произведени и веројатно содржат посилни детергенти и хемикалии кои можат да бидат иритантни за чувствителната коса. Исторемено скапите шампони обично содржат состојки со повисок квалитет, како што се етерични масла, растителни и овошни екстракти, како и растителни производи.
Не е сè ни во изгледот. Евтините производи можат да ја направат вашата коса сјајна за кратко време, но исто така можат да предизвикаат долгорочна штета.
Состојките како парабени, сулфати и силикон кои ги има во нив можат да ја разубават вашата коса, но всушност не го подобруваат нејзиното здравје, за разлика од скапите.
Видот на шампон кој ќе го изберете треба да зависи од потребите на вашата коса, а не од длабочината на вашиот паричник.