Светска Банка: Од Македонија се иселиле половина милион луѓе

Од Македонија се иселени половина милион граѓани или една четвртина од населението. Од нив две третини се работоспособни, а една третина се високостручни, најголем дел од ИТ секторот. Светските банкари…

Од Македонија се иселени половина милион граѓани или една четвртина од населението. Од нив две третини се работоспособни, а една третина се високостручни, најголем дел од ИТ секторот. Светските банкари предупредуваат – мора да се преземат чекори за да се спречи одливот на таленти од земјава, бидејќи ќе се доведе под ризик целата економија, пазарот на труд, како и одржливоста на пензискиот и здравствениот фонд.

„Кога ќе го споредиме одливот на таленти од РСМ споредено со земјите од источна европа, 24 земји од Источна европа практично Макеоднија заедно со Ерменија, Молдавија Босна и Херцеговина се земји од каде имаме најмногу одлив на високобразован кадар“-Бојан Шимбов, економист во Светска Банка.


Related Articles