Здравствена установа „Нада Михајлова” во Пробиштип има простор кој може да се искористи, има опрема, биохемиска лабораторија, современ рентген, ехо апарати, санитетски возила итна медицинска помош со 6 доктори и медицински персонал со 4 специјалисти(оториноларинголог, рентгенолог, невропсихијатар, офталмолог). Идејата на лекарите е истиот да биде дневна болница зошто за кратко време ќе има целосна екипираност. Има специјализанти по интерно, кардиологија, неврологија, биохемија, педијатрија.
Ако веќе ги има во Пробиштип, зошто пациентите да патуваат во други градови, кога можат да бидат згрижени во здравствената установа во своето место. Наместо тоа, просторот кој може мошне корисно да се искористи за дневна болница или стационар властите најдоа начин како да ја опустошат оваа зграда(изградена со самопридонес од сите нас) да ја отстапат на министерство за труд и социјала со намера за пренамена за старски дом без да се утврди дали ги исполнува нормите за установа од ваков карактер.
Министерот за здравство Венко Филипче, имаше еден куп можности за реализација на овој проект, а опстошувањето на Здравствениот дом и негова пренамена не е солуција. Каде ќе бидат сместени докторите специјалисти и идните специјализанти? Какви услови за работа на медицинскиот персонал и услови на пациентите ќе им понуди Филипче со пренамена на Здравствениот дом? Ова е вашиот план за уништување на јавното здравство и негова приватизација? Вака Филипче ги задржува младите специјалисти доктори да останат во државата?!