Здружението на пензионери во Тетово преку Комисијата за здравство, организира бесплатни субспецијалистички ехо-прегледи во текот на октомври и по повод меѓународниот месец на борбата против рак на дојката. Прегледите се вршат во просториите на Здружението во Тетово во понеделник, среда и петок од 10 до 13 часот од страна на специјалист радиолог Павле Спасеновски.

– Ова се превентивни прегледи со оглед дека болеста рак на дојка е на прво место кај женската популација. Ако порано ракот на дојка се јавувал во подоцнежни години, мое сознание е дека проблематиката почна нагло да се менува и да има болни на млади години. Моја најмлада пациентка кај која е констатирана болеста имала 28 години- изјави докторот Спасеновски.

Докторот потенцира дека превентивата и честите прегледи се најдобар начин за брзо октривање на оваа болест која со соодветен третман пациентката може да ги избегне трагичните последици.

Ако во неделата прегледам 50-тина пацинети, десет се со дијагноза и со „лошата“ болест. Овој показател е катастрофа. Порано немало ни толку прегледи, но таа статистика е загрижувачка што се се јавува кај помладата популација, рече лекарот.

Тетовското пензионерско здружение севкупно брои над 11.500 членови.