Психијатрија во Демир Хисар оставена без обезбедување!

Во период кога е зголемен бројот на вербални и физички напади врз здравствените работници, Психијатриската болница во Демир Хисар остана деновиве без обезбедување. Вработените стравуваат за својата безбедност и поради фактот што во рамки на болницата има и судско одделение, иако велат не ни е страв од пациентите, но обезбедување по сите стандарди е неопходно во ваков вид на болници.

-Едноставно не е во ред во болницата да нема обезбедување. Кога сите наши колеги се бунат поради напади ние остануваме без обезбедување, вели нашиот извор.

Сомнежите се дека Болницата останува без обездување поради неуспешни обиди на кого да биде доделено обезбедувањето.

Инаку на 18 септември медицинскиот персонал од речиси сите јавни здравствени установи паузата од триесет минути ја искористи да го искаже револтот и негрижата на надлежните поради зголемиот број на напади врз медициснкиот персонал. Протестот следеше по зачаестените, речиси секојдневни напади врз медициснки персонал во повеќе здравствени установи.