Заморот е честопати предизвикан од стрес, недостаток на вежбање, но исто така и од лоша исхрана или работна околина па може да се појави во најнезгодните моменти.

Дремнете 20 минути

Истражувањата покажуваат дека потребни се само 20 минути дремка за да се разбудите попродуктивни и поенергични за да можете да продолжите таму каде што сте застанале. Одморајте се на темно место без некој или нешто да ви пречи. По одморот, измијте со ладна вода и излезете на кратка прошетка.

Седете исправено

Истражувањата покажале дека седењето во исправена положба помага во борбата против заморот затоа што го зголемува нивото на кислород во нашата крв. Други истражувања покажале дека луѓето кои седат исправено имаат тенденција да бидат подобро расположени и да доживеат помалку негативни емоции во споредба со оние што седат во подгрбавена положба.

Насмејте се

Смеењето има многу здравствени придобивки, а една од нив е што нè прави поенергични и побудни. Кога се смееме, вдишуваме воздух богат со кислород што ги стимулира нашето срце и мускулите и го зголемува нивото на ендорфин (хормна на среќата) во крвта. Како резултат на тоа, смеењето ни дава повеќе енергија.

Помирисајте стапче цимет

Мирисот на цимет има неверојатен ефект врз човечкиот мозок затоа што ја интензивира активноста на мозокот и се бори против губењето на меморијата и нервната напнатост па затоа размислуваме побрзо и попродуктивно.