Од минатата недела во Клиничкиот центар функционира проектот којшто Министерството за здравство го работи заедно со Црвениот крст во кој волонтерите им помагаат на пациентите полесно да се снајдат низ кампусот, да стигнат до потребната клиника, до соодвената локација, потребното снимање, преглед или анализа.

Нема катни гаражи, нема среден сообраќаен хаос, нема средено здравство, нема чист клинички центар, нема многу работи ама во целиот хаос има кој да ги упатува пациентите до клиниките кои немаат реагенси, немаат доктори, неработат апарати или едноставно не функционираат.

Изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче не е во контекст на подобрување на функционирањето на здравството туку додавање на активности кои според него покажа дека пациентите навистина чувствуваат бенефит иако во пракса тоа не е така.

Волонтерите се лоцирани на седум најфреквентни локации во комплексот клиники, во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен ден. Тие имаат поминато претходна обука за основите на првата помош, комуникација и техники за комуницирање, како и психолошка поддршка.

Во текот на обуките за проектот, волонтерите добија знаења и вештини за тоа како да го олеснат пристапот на сите лица, кои имаат потреба од помош и поддршка во наоѓање на универзитетските клиники (физичко лоцирање), административни процедури за пациенти, како и водење на сите тие кои имаат потреба од дополнителна помош во интерните одделенија (шалтери, соби за преглед, термини за прием, одговорен лекар итн).