Хируршките интервенции и гинеколошките породувања во кичевската општа болница се одиваат во една хирурша сала. Поради недостиг на простор за двете одделенија, состојбата е ваква со години, иако оваа здравствена установа покрива територија од околу 60 илјади жители. Гинекологот Љупче Ристески за Алсат вели дека ваквата ситуација е лоша и невидена на друго место.
Работиме двете служби во една операциона сала, што е супстандрадно и што никаде не се случува. Внимаваме да не ја оптовариме салата со случаи кои може да бидат инфективни и кои можат да остават последици и да ги комплицираат другите случаи кои се чисти и кои ги внесуваме тука – изјави Љупче Ристески-лекар гинеколог.
Ристески вели дека многу често се случува да не може да одговорат на потребите на сите пациенти бидејки во салата веќе има друг пациент на третман.
Ваква болница не можете да сретнете од овде, па до југ сè до супсахарска Африка – рече Љупче Ристески, лекар гинеколог.
Директорот на болницата признава дека работат во катастрофални просторни услови, но вели дека сепак имало некаков ред.
Ние имаме џентламенски договор. Секогаш пациентиките од гинекологија, секогаш имаат предност пред нашите – изјави Станко Трпески- директор на општа болница Кичево.
Во кичевската болница состојбата е најлоша во делот кој е изграден во 1938 година, а новата болница сè уште се гради.
„Може некогаш да ја биде. Можно е другата година. Би требало да се изгради. Сите ветуваат. Почнуваат да работат нешто и пак оставаат така.“
„Ова е историска болница. Кој дојди, парите наменети за болницата, замини и помини. Помини власта, помилувај го тој што ги украл парите и пак народот нови пари“.
„Овде во новиот објект од 2016 година, каде што треба да биде сместена новата болница. Нема никави активности, кажуваат кичевчани, иако во зградата досега биле вложени околу 3,5 милиони евра. Она што можеше да го регистрира камерата на Алсат е дека и она што досега е направено, пропаѓа“.
Болницата во Кичево има недостаток и на медицински кадар. Фалат околу десет лекари, па на помош се викаат лекари од Oхрид, Битола и Струга. Дури и тројца лекарите кои веќе заминале во пензија, биле повикани назад на работа.