Модерниот начин на живеење е далеку од активен. Иако сите некаде брзаме и сме презафатени, сепак поминуваме огромен дел од денот во седечка положба, најчесто пред монитор. После тоа компјутерскиот екран го заменуваме, со оној поголемиот за да се одмориме гледајќи некој од омилените ТВ канали или некое добро филмче. Токму поради оваа лежерност, често знае да нè боли грб, да се укочуваме и ред други. Ова се 22 предлога кои можат да ви помогнат малку да се раздвижите и да си го подобрите целокупното здравје. Одберете неколку кои најмногу ви одговараат и применете ги.

1. Запишете се на часови по танцување.

2. Искосете ја тревата во дворот или средете ја градината.

3. Ослободете се од непотребните работи во плакарите и низ дома.

4. Земете си куче за чување.

5. Забавувајте се со децата, се разбира доколку ги имате.

6. Редовно шетајте по музеи, паркови, продавници и слични места.

7. Не викајте молер за бојадисување на куќата, направете го тоа сами.

8. Направете тим со вашите другари и секоја недела во истиот термин спортувајте нешто по желба.

9. Волонтирајте во некоја организација, старечки дом или сиропиталиште.

10. Променете го распоредот во дневната или детската соба.

11. Секое попладне шетајте по половина час.

12. Доколку живеете во зграда, повеќе употребувајте ги скалите, отколку лифтот.

13. Не нарачувајте храна преку достава ниту на работа ниту дома. Наместо тоа, појдете и купете си нешто сами.

14. За некого и пеглањето може да биде опција.

15. Еднаш неделно шетајте во природа. Појдете на кампување, искачете некој врв или едноставно прошетајте по убавините низ земјата.

16. Згответе нешто. Ем така јадењето е повкусно, ем ќе бидете активни, ем ќе изненадите некого по дома.

17. Помагајте им на пријателите околу домашните обврски. Појдете да им помогнете да се иселат, да го бојадисаат својот дом, да изградат нешто или при некоја слична активност.

18. Доколку сте во можност, на работа одете со велосипед.

19. Еднаш или два пати неделно појдете на базен.

20. Секое утро растегнувајте се после будењето.

21. Одберете некое хоби, кое ќе ве натера да ги движите рацете. Тоа може да биде сликање, чување пчели, обработка на дрво и слично.

22. Чистете по дома.