Заменик-министерот за здравство Асим Муса е вмешан во корупциски скандал при што и е фатен на дело, објавува „in7“, пренесува НетПрес.

Муса беше фатен од екипата на најпознатото албанско истражно шоу, Фикс Фаре, додека шоуто ќе се емитува вечерва во 20:10 часот на Топ Канал.

Како што дознава „in7“, заменик министерот Муса се пазарел со пациент од Албанија за да се изврши операција во една од болниците во Струга. За оваа работа, Муса побарал 1.000 евра, додека однапред земал 50 евра.

Во најавата на емисијата се вели дека заменик министерот меѓу другото правел и сунети и дека тоа го правел за бакшиши.