Основното училиште „Блаже Коневски“ изутринава ги отвори вратите за 122 и две првачиња, по продолежниот викенд кои редовно посетуваат настава од први септември.

Но, синот на Тања Перкова од Велес остана дома откако во четвртокот училишното обезбедувањето ,а потоа и полицијата асистирале кај родителите да си го вратат дома. Проблемот трае со месеци откако сите родители добиле известување летните месеци да ги искористат за да ги вакцинираат идните првачиња, да донесат потврда од лекар за да ги запишат децата во училиште. Тоа го сториле сите освен родителите Перкови.

Не сакајќи да направи отстапка и да ги прекрши законите директорот одбива да го запише невакцинираното дете, и отпочнува правна преписка со родителите и надлежното министерство за образование за на крај случајот да заврши со полициска асиситенција.

Вчудоневиден, Манасков не може да го прифати фактот дека и по 40 дена, две преписки и неколку посети од надлежни инспектори министерството за оброзавание не му враќа на дописите како да постапи во овој случај.

Санитарниот инспектор во Велес еднаш ги казнил родителите парично бидејќи го носеле детето на училиште без соодветна вакцина.

Денеска со нив разговарал и општинскиот овластен инспекторат за образование кој може да ги казни бидејќи дете повеќе од една недела не е запишано во задолжителното основно образование.

Додека министерството за здравство потенцира дека на сила е епидемија од морбили и нема да попуштат настават да ја посетуваат ученици без вакцина МРП, родителите реагираат дека оваа мерка е наметната

и родителите треба да ја носат одлуката кога ќе ги вакцинриаат децата. Претпоставките се дека околу 60 деца ширум земјата посетуваат настава невакцинирано, со што се отвора прашањето дали директорите кои ги прифаќаат ги кршат законите.

Но, сите кои одбиваат јавно да проговорат велат дека министерството за здравство и образование веднаш да изнајде решение за да се избегнат инциденти во кои жртви се децата.