Следните седум навики може да го забрзаат процесот на стареење:

Вежбање на отворено без заштитен фактор

Иако најверојатно избегнувате да нанесувате крема пред тренингот за да избегнете прекумерно потење, треба да имате на ум дека дури и половина час вежбање на отворено е доволно за сончевите зраци да остават трага на вашата кожа.

Често пиење алкохол

Покрај тоа што предизвикува мамурлаци, алкохолот е главен виновник за дехидратацијата на организмот и лошата апсорпција на витамини неопходни за лечење колаген. Колагенот е протеин што ја прави кожата но и други видови ткива – поцврсти и поеластични.

Премногу слатко

Високата количина шеќер ја намалува количината на колагенот во вашата кожа, ја суши и ги поттикнува брчките.

Не носите очила за сонце

Носењето очила за сонце ги штитат очите, но и спречуваат појава на брчки.

Слушање гласна музика

Гласната музика ги иритира тенките влакна во увото, коишто потоа ги иритираат нервите во мозокот, што доведува до постепено слабеење на слухот.

Премногу време пред компјутер

Покрај тоа што предизвикува главоболки, предолгото време минато пред компјутер поттикнува и подочници и – брчки околу очите.

Претерана хигиена и триење на лицето со средства

Прекумерната употреба на пилинг и средства за чистење на лицето може да ја исуши кожата и да ги исцрпи природните масти што таа ги произведува.