Град Скопје ќе прави кампања за оџачари, односно на Бирото за јавни набавки објави оглас за изработка и спроведување на кампања-Промоција на обуки за оџачари.

За оваа кампања Град Скопје предвидел да се потрошат 2.750 евра.

Во текот на вчерашниот ден Град Скопје објави уште два огласи за изработка на кампањи. Втората кампања, како што пишува во огласот, е за афирмација на екстремни спортови.

-Изработка и спроведување на кампања за спроведување на Стратегијата за развој на спортот на Град Скопје, каде стратешка цел е иницијатива за афирмација и поддршка на нови и помалку присутни екстремни спортови во Скопје, пишува во објавениот оглас.

Третиот оглас на Градот е за изработка и спроведување на кампања – Зазеленување на Скопје. И за овие две капањи е предвидено да се потрошат по 2.750 евра.