Текст објавен во учебник за петто одделение, кој е составен дел од програмата по македонски јазик предизвика бурни реакции во јавноста. Родителите на петтооделенците, но и останатите, реагираат на недоличниот начин на кој на десетгодишни деца им се објаснува пубертетот.

Дел од текстот изгледа вака:

„Кога пубертетот ’дојде’, малиот Огнен доби мозолче на лицето, а мајка му конечно направи торта. Потоа, Огнен го пофаќаше мозолчето и се повеќе се возбудуваше. Лакомо jадеше од тортата, а целото семејство го славеше неговиот пубертет. Откако се засити, Огнен ја побара својата соученичка Мара и заедно со прстите си ги пипкаа мозолчињата, полека, нежно, како да фаќаат нежни расцутени цветчиња“.

За да биде иронијата уште поголема, овој текст минал низ рацете на неколку македонисти, специјализирани за литературно пишување и изразување. Авторите Љубица Севдинска и Весна Настоска, рецезентите проф. д-р Благица Петровска (претседател), Митра Цилевска – професор по македонски јазик и Билјана Герас – професор по македонски јазик едногласно се согласиле дека текстот ги задоволува критериумите за да биде составен дел од изучувањето на македонски јазик.

На што точно овој текст во учебник по македонски јазик ги учи учениците, дали во прв план е литературата или пак можеби биолошкиот процес на растење и созревање, се упати прашање до Министерството за образование и наука, од каде што не добивме повратен одговор.

Еве, извадок од текст од учебник за петто оделение. Ова изгледа е образование по европски стандарди. Браво бе!

View image on Twitter